Skip to main content

Нема веќе транс војници, побитна ќе е стручноста од „различноста“

ААмериканскиот претседател Доналд Трамп наскоро ќе потпише извршни наредби за отстранување на различноста, еднаквоста и инклузијата (ДЕИ) од војската и враќање на илјадници војници кои беа исфрлени од војската затоа што одбија да примаат вакцини против Ковид-19 за време на пандемијата, изјави денеска американскиот државен секретар за одбрана Пит Хегсет.

„Доаѓаат повеќе извршни наредби“, изјави Хегсет по пристигнувањето во Пентагон на неговиот прв работен ден.

Хегсет вети дека ќе донесе големи промени во Пентагон и елиминирањето на ДЕИ од војската го постави како приоритет.

Претходно, американските медиуми го пренесоа и објаснувањето зошто во американската војска ќе нема место за транс лицата, кое меѓудругото вели дека армијата е место за физички и психички силни лица.

Поврзани вести