Skip to main content

Домашно јадење кое се подготвува во тава: Пилешко со ориз

Magnific

Едноставно, домашно јадење кое се подготвува во една тава, а на трпезата носи сè што сакаме – сочно пилешко и ориз. Совршено за семеен ручек кога сакате вкусен оброк без многу комплицирање.

Состојки:

  • 2–3 парчиња пилешко месо по желба
  • 1 голема главица кромид
  • 1 поголем морков
  • 1 чешне лук
  • 150 г брокули
  • 200 г ориз
  • 1–1,5 л врела вода
  • 1–2 лажици масло
  • црн бибер
  • сол по вкус
  • копар


Подготовка:

Пилешкото месо ставете го во посолена вода и варете го додека го подготвувате останатите состојки. Кромидот исечкајте го, морковот на коцки, брокулата на гранчиња, а лукот ситно. Оризот измијте го неколку пати, сè додека водата не стане бистра.

Во тава за печење ставете масло, па ставете ги оризот, брокулите, кромидот, морковот, копарот и лукот. Прелијте со врелиот бујон (што го варевте пилешкото), така што состојките убаво да бидат покриени. Зачинете со сол и црн бибер. Одозгора распоредете го пилешкото месо, претходно зачинето.

Печете во загреана рерна на 200 °C, додека оризот се свари, а пилешкото не добие убава, златно-кафеава и крцкава кора. Доколку во текот на печењето оризот ја впие течноста пред да биде целосно сварен, додадете уште малку од водата.

Поврзани вести