Skip to main content

Штипската болница ќе реализира 180 мамографски прегледи по повод „Розов октомври“

Фрипик

Клиничка болница-Штип, по повод „Розов октомври“, ќе реализира вкупно 180 мамографски прегледи, откако поради големиот интерес бројот на прегледи беше зголемен од првично планираните 100.

Од болницата информираат дека акцијата е продолжена до 15 ноември, а целокупниот број на термини бил пополнет за помалку од 24 часа.

За помалку од 24 часа се пополни целата бројка. За жал лимитот на дневни прегледи на апарот е достигнат. Жените кои закажуваат треба да бидат на возраст од 40 до 80 години и да немаат направено мамографија во последните две години. Прегледите ќе се вршат секоја сабота и недела, со почеток од 10:00 часот, велат од Клиничка болница-Штип

Најавуваат дека до крајот на годината се очекува да пристигне уште еден апарат за мамографија и се надеваат оти ќе се реализираат уште вакви акции во иднина.

Поврзани вести