Skip to main content
UzGn_uxh8SM

Ново „добрососедство“ од југ: За грчки пратеник сме непостоечка држава со бугарско-албанско население

Грчкиот европратеник Емануил Фрагос Фрагулис, претставник на националистичката партија Грчко решение, повторно го отвори македонското прашање со провокативна објава на Фејсбук. Во неа Македонија е наречена „непостоечка државичка“, населена претежно со Бугари и Албанци.

„Порака до Урсула фон дер Лаен: Скопје е непостоечка државичка, главно со бугарско-албанско население, на грчки територии“, се наведува во објавата на неговиот профил, придружена со видео што содржи историски карти и политички пораки.

Во видеото се појавува карта на која територијата на Македонија е означена како „Вардарска“, заедно со натписот „Бугарско-албанска“, со што директно се оспоруваат македонскиот национален идентитет и државноста.

Фрагос е европратеник од 2019 година и член на групата Европски конзервативци и реформисти во Европскиот парламент. 

Поврзани вести