
Во СВР Скопје бил пријавен физички напад врз малолетно девојче на подрачјето на општина Аеродром, при што целиот настан бил снимен со мобилен телефон од страна на друга малолетничка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 5 октомври во 10:00 часот, Б.Р. (55) пријавил дека два дена претходно, односно на 2 октомври, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.
За време на инцидентот, уште едно малолетно девојче со својот мобилен телефон го снимало настанот.
Од полицијата информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Македонски


