
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го пречекува грчки Ираклис во рамките на ФИБА Европа купот.
Ова ќе биде враќање на „сино-белите“ во Евро купот по пауза од 25 години.
Домаќините најавуваат спектакл и ги повикуваат сите љубители на кошарката на заедничко дружење и да дадат поддршка за нашите македонскиот претставник.
Натпреварот ќе се игра во Спортски центар „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.
Од 17 часот пред спортскиот центар најавена е двочасовна забавна програма и наградни игри.
Во Е-групата, покрај МЗТ Скопје и Ираклис (Грција), учествуваат и АЕК Ларнака (Кипар), Џики (Полска), Тарту (Естонија) и Вурцбург (Германија)

Македонски


