Skip to main content

Meси се простува од репрезентацијата: Специјални моменти за кои сум сигурен дека ќе ми недостигаат

 Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги сподели своите емоции по последниот тренинг со репрезентацијата.

„Специјални моменти за кои сум сигурен дека ќе ми недостигаат“, напиша 39-годишникот на социјалните мрежи.

Меси претходно го објави своето повлекување од репрезентацијата на Аргентина. Тој освои злато со репрезентацијата на Светското првенство во 2022 година и сребро на турнирот во 2026 година.

Вечер по полноќ (1 часот), на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес ќе се одржи пријателски натпревар помеѓу Аргентина и Бенин. Овој натпревар ќе биде последен настап на Меси за репрезентацијата.

Поврзани вести