Skip to main content

Мицкоски: Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со колегите од Владата, со градоначалниците, со градоначалникот на Општина Теарце, со пратениците од македонското собрание, со граѓаните на Општина Теарце денеска присустуваа на свеченото пуштање во употреба на новата детска градинка во Теарце.

Сведочиме на пуштање на еден објект којшто е многу значаен за оваа општина, но и пошироко би рекол, има регионално значење. Она коешто денеска го слушнав во неформалниот дел од разговорот со градоначалникот е дека со пуштањето во функција на овој објект немаме повеќе листа на чекање, односно капацитетите се што се вели исполнети, 147 дечиња ќе можат да растат, да другаруваат и да ги поминуваат своите детски години токму во овој прекрасен објект, енергетски ефикасен, изјави премиерот Мицкоски.

Тој се заблагодари на амбасадорот Рокас и рече дека очекува оти вакви објекти и во иднина ќе пуштаме.

Сакам да му се заблагодарам на градоначалникот на Општина Теарце којшто затекна многу проблеми, но со својата посветена работа ги решава тие проблеми и еве денеска сведочиме на пуштање на овој објект. И исто така би сакал да му се заблагодарам на мојот колега од Владата, министерот за социјална политика, демографија и млади, којшто исто така несебично се посвети да сите оние предизвици коишто беа на листа на чекање да ги реши и еве би рекол денеска да бидеме сите ние тука присутни на отворањето на овој објект. Да се заблагодарам на сите пратеници од полошкиот регион коишто се борат за проект повеќе, да можат такви проекти да се реализираат уште повеќе, бидејќи со нивната работа тие не само што ја поддржуваат работата на Владата, туку тие навистина и сакаат да создадат услови подобри за жителите во полошкиот регион. Да се заблагодарам на, се разбира, на советниците коишто ја поддржуваат овде работата на градоначалникот, на администрацијата којашто ги подготвува сите овие работи. Ние како Влада ќе продолжиме и во иднина да финансираме проекти во локалната самоуправа. Само да потсетам, откако оваа Влада беше избрана во јуни 2024 година, значи цели 27, еве 28-ми месец веќе сме Влада, повеќе од половина милијарда евра се реалоцирани од централниот буџет кон општините за финансирање на проекти и тоа е нешто коешто досега во историјата на државата не се случило, изјави Мицкоски.

Поврзани вести