
Монодрамата „Менопауза“ со Тијана Дапчевиќ ќе има и трета изведба во Скопје. По двете распродадени вечери, новиот термин е закажан за 5 октомври 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Македонската филхармонија.
Монодрамата, која досега предизвика интерес и на гостувањата низ Македонија и регионот, на духовит и искрен начин обработува теми поврзани со менопаузата, секојдневието, промените низ кои поминуваат жените и предизвиците за кои често се зборува со доза на воздржаност.
Во центарот на претставата е Тијана Дапчевиќ, која преку комбинација од хумор, емоција и непосредна комуникација со публиката ја претставува оваа животна фаза од поинаков агол.
По двете исполнети сали во Скопје, третата изведба на „Менопауза“ е нова можност публиката да ја погледне монодрамата на 5 октомври.

Македонски


