Skip to main content

Македонските востаници секогаш се повикувале и на цар Самоил!

Според македонската историја, Самоил е личност со високи политички, дипломатски и воени доблести; цар, владетел, народен водач и војсководец, достоен на угледот и моќта на византискиот цар Василиј Втори. Византискиот историчар од 11-от век Јован Скилица за него пишува дека бил воинствен човек кој не знае да мирува, а Јован Геометер, византиски поет од 10-от век,

Самоил го споредува со комета и страшен виор кој гори се пред себе. Византискиот  автор Кекавмен му придава карактеристики на генијален војсководец, па вели дека битиката на Беласица се случила во времето кога со нив владеел „извонредниот војсководец Самоил“. 

Според летописот на поп Дукљанин, за време на владењето на Самоил, „Грците не се осмелуваа ни да се доближат до Македонија“, а според житието на Свети Никон Метаноит, пак, Самоил бил „со снага непобедлив и по моќ несовладлив“. Во хронолигијата на Јован Зонара, цар Самоил е народен водач и трибун.

Притоа, на државно-правната традиција од времето на цар Самоил, се повикувале и водачите на македонските востанија против византиската власт Петар Дељан и Ѓорѓи Војтех, а македонскиот народ подоцна постојано го спомнувал во своите песни и  преданија.

Македонските востаници од почетокот на минатиот век, заедно со Александар Македонски, секогаш се повикувале и на славата на цар Самоил. Така, на пример, на 24 јули (нов стил) 1901-та година, на ден Иванден, била формирана првата Охридска чета а за свеченоста по тој повод Атанас Кецкаров пишува:

Игуменот на манастирот Атанас Темјанов, облечен во најскапата свештеничка  одежда, ја освети и благослови воскреснатата Самоилова војска“.

Охридскиот војвода Христо Узунов во својата кореспонденција го користел псевдонимот Самоил, а Крсте Петков Мисирков вели дека Македонците имале „силна македонцка држаа од цар Самоил и богата народна литература“.

Дури и на Првото засание на АСНОМ во „Прохор Пчински“, значи на 2 август 1944 година, во повеќе документи е потенцирано дека „македонската држава е продолжение на средновековната држава на цар Самоил како историско наследство на македонскиот народ“.

Блаже Миневски

Поврзани вести