
Шкотските навивачи во Македонија не дојдоа во само за вечерашниот натпревар со нашата репрезентација во Лигата на нации, туку уште еднаш покажаа дека фудбалот може да биде повод и за хуманост.
Претставници на навивачите на Шкотска го посетија Кочани, каде преку своите добротворни организации „Тартан Арми Саншајн Апел“ и „Тартан Арми Детска Добротворност“ (TACC) помогнаа на локалната заедница.
Во Горни Подлог, на теренот на ФК Фудбал Старс, во присуство на военото аташе – потполковник Дениз Мекмахон и претставници на шкотските навивачи, беше предадена донација наменета за клубот.

Македонски


