Skip to main content

ИЈЗ: Во Македонија се регистрирани 71 заразени со западнонилска треска, првпат регистиран случај во Росоман

Заклучно со 29. септември во Македонија се регистрирани вкупно 71 случаи на западно-нилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје.

Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, 66 се водат како потврдени, а пет како веројатни.

Според место на живеење на заболените, 63 случаи се од Скопје. Од нив 48 се од градот Скопје, а 15 се од општини во околина на Град Скопје.

Во Велес има три случаи, два го градот, а еден во Чашка. Еден случај има во Кавадарци, регистриран е прв случај во Росоман, а по еден случај има во Куманово, Свети Николе и Тетово.

Регистрирани се 70 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија.

Од регистрираните случаи, 52 или 73,2% се машки, а 19 или 26,8% се женски.

Во однос на возраснаа дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години – 58 (81,7%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40-49, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години.

Просечната возраст на заболените изнесува 66,5 години.

Поврзани вести