
СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.Н. (30) и С.Н. (32) двајцата од Штип.
Како што се наведува во полицискиот билтен, двајцата штипјани добиле кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, на 28.07.2026 во семејна куќа во Штип, првопријавениот заедно со второпријавениот, кој е негов брат, физички ги нападнале сопругата и блиските членови на првопријавениот, упатувајќи им и закани.

Македонски


