
На денешното рочиште за случајот „Државна лотарија“, првиот сведок на Обвинителството наместо очекуваните одговори, даде исказ кој во голем дел оди во прилог на обвинетите.
Владо Петковски, директор во Државна лотарија, рече дека за време на мандатот на Перпарим Бајрами биле започнати повеќе проекти со цел зголемување на приходите.
За набавката на видеолотариските терминали сведочеше дека во постапката имало физибилити студии, мислења и финансиски план. Петковски негираше дека Бајрами му кажал дека за секоја одлука мора да се консултира со Артан Груби.
.Поради разликите меѓу неговиот исказ во истрагата и сведочењето во судница, Обвинителството побара да биде испрашуван како „непријателски сведок“, на што се се противеше одбраната..
„Исказот на сведокот во целост ја потврди тезата на одбраната конкретно за Артан Груби дека нема преземено никакви противправни дејствија, дека се било согласно закон. Зошто Обвинителството го прогласи за непријателски сведок не ми е јасно, според мене немаше причина“ рече адвокатот на Артан Груби, Гоце Ристоски.

Македонски


