
Денеска на Фестивалот ЅИРНИ кој се одржува во Скопје придружна едукативна програма започнува од 13:00 часот во „Котур“ со панел дискусија на тема „The rolе of film festivals in the creative journey of a short film“ односно Улогата на фестивалите во креативното патешествие на краткиот филм со Марија Апчевска и Атанас Велкоски од „Браќа Манаки“, Петрула Велјановска од „Македокс“ и Василис Терзополус од фестивалот „Драма“.
Настанот ќе се одржи на англиски јазик.
Влезот е слободен, со претходно најавување на социјалните мрежи на Ѕирни или на мејл адресата [email protected]
Фестивалот трае до 5 Октомври на платото пред Дом на АРМ и во Кафе и филм КОТУР. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на SИРНИ (www.dzirnifestival.com).
Програма за ПЕТОК [2 Октомври]
Локација КОТУР
13:00 Панел дискусија: Улогата на фестивалите во креативното патешествие на краткиот филм
18:00 48 часовен Скопски филмски предизвик: Воведно предавање и почеток на предизвикот
20:00 Музичка селекција Влашки + Чваре
20:00 Oтворање на групна изложба на студентите од ФЛУ: „ВО ВОЗДУХ“, во соработка со Пионери

Македонски


