Skip to main content

Не знае веќе што да направи: Филипче го нарече Мицкоски „комплетен идиот“, оти му остана само да навредува

На последната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со својот настап повторно ја отвори темата за начинот на кој опозицијата ја води политичката битка и комуницира со јавноста. Наместо аргументирана критика или конкретни одговори на суштинските политички прашања, јавноста беше сведок на остар речник, лични квалификации и навреди кон премиерот Христијан Мицкоски, кого Филипче го нарече „комплетен идиот“.

Македонија заслужува сериозна, одговорна и аргументирана опозиција. Заслужува политичка дебата во која несогласувањата ќе се водат со факти, аргументи и ставови, а не со навреди и лични дисквалификации. За жал, овој настап е само уште една слика за тоа до каде стигна некогаш големата и бројна партија која денес треба да ја предводи опозицијата. Од политичка сила која некогаш имаше амбиција да ја води државата, СДСМ сè почесто остава впечаток на партија која се бори сама со себе, без јасна политичка насока и без одговори на клучните прашања. Кога ќе снема аргументи, остануваат нервозата, личните навреди и обвинувањата – а токму тоа денес го гледаме од оние од кои јавноста очекува сериозна и одговорна опозиција.

Кога политичар и универзитетски професор во јавна комуникација премиерот го нарекува „комплетен идиот“, тоа не е само прашање на политички стил или воспитување. Тоа е сериозен показател за начинот на кој се води јавната дебата и за односот кон институциите и политичките противници.

Наместо аргументи, слушнавме речник што не доликува ниту на професор, ниту на доктор, ниту на политичар кој претендира да биде сериозна алтернатива за управување со државата.

Целиот настап остава впечаток на човек кој е под силен политички притисок, кој тешко ги контролира нервозата и фрустрацијата и кој, наместо со аргументи да одговори на суштинските прашања, прибегнува кон лични навреди. Дали зад таа нервоза стојат внатрешни политички притисоци, преземени обврски или несогласувања за кои јавноста допрва треба да добие одговор – тоа се прашања на кои треба да се одговори со факти, а не со шпекулации.

Особено загрижува тоа што во момент кога се отвораат сериозни прашања за односите со Бугарија и за преземените политички обврски, дебатата се пренасочува кон тоа кој кого ќе навреди и кој кого ќе дисквалификува.

Прашањето за Исланд и неговото место во европскиот пазар може да биде тема за сериозна политичка и правна анализа. Но, тоа не може да биде замена за суштинскиот одговор: какви политички обврски се преземени, што од нив произлегува и зошто токму прашањето за Бугарија предизвикува толку жестоки реакции?

Граѓаните имаат право да ги знаат одговорите. Имаат право и на опозиција која ќе поставува тешки прашања без да прибегнува кон навреди.

Поврзани вести