Skip to main content

Министерот за односи меѓу заедниците: Да инвестираме во јазикот, културата и идните генерации

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати учествуваше на настанот организиран од Агенцијата за примена на јазикот, по повод Европскиот ден на јазиците.

Како што информираат од Министерството, Ферати ја истакнал важноста на јазиците како дел од идентитетот, културата и наследството, нагласувајќи дека јазичната разновидност е вредност што треба да се почитува, заштитува и негува.

Министерот Ферати изразил благодарност за работата на Агенцијата и му се заблагодарил на директорот Гранит Османи за организацијата на настанот. Тој го истакнал придонесот на преведувачите и јазичните професионалци во промовирањето на повеќејазичноста, олеснувањето на комуникацијата и правилната употреба на јазиците во институциите.

Поврзани вести