Skip to main content

Мицкоски: Македонските граѓани знаат каде припаѓаат – НАТО, САД и ЕУ се нашиот избор

Македонските граѓани знаат каде припаѓаат – Македонија е сојузник во НАТО, Соединетите Американски Држави се нејзин стратешки партнер, а полноправното членство во Европската Унија останува стратешка определба, порача претседателот на Владата од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во обраќањето на Генералната дебата на 81. заседание на Генералното собрание на ОН, премиерот нагласи дека трите определби не претставуваат одвоени политики, туку една јасна геополитичка ориентација.

– Македонските граѓани знаат каде припаѓаат. Ние сме сојузник во НАТО. Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер. Полноправното членство во Европската Унија е наша стратешка определба – рече премиерот.

Според него, таа ориентација е втемелена врз демократијата, колективната безбедност, владеењето на правото и отворената економија.

– Тоа не се три одвоени политики. Тоа е една геополитичка ориентација. Во време на неизвесност, нашиот одговор не е стратешка двосмисленост. Нашиот одговор е јасност – порача тој.

Премиерот нагласи дека светот се соочува со поостра конкуренција и прераспределба на моќта, а односите меѓу големите сили сè повеќе ги обликуваат трговијата, технологијата, енергетиката, критичните суровини, транспортните правци и дигиталната инфраструктура.

Под притисок на таквите промени се менуваат и сојузите. Сепак, Македонија нема дилеми во однос на својата стратешка ориентација и партнерствата врз кои ја гради својата иднина.

Јасноста во сојузништвата, според премиерот, не значи дека Македонија треба да му го сврти грбот на остатокот од светот. Напротив, држава што е сигурна во своите демократски и стратешки избори може со поголема самодоверба да разговара и да соработува со земји што имаат поинаква историја, интереси и политички ставови.

– Токму држава што е сигурна во своите демократски и стратешки избори може со поголема самодоверба да разговара и да соработува со земји што имаат поинаква историја, поинакви интереси и поинакви политички погледи – истакна премиерот.

Тој предупреди дека на светот не му е потребна нова поделба на трајни и спротивставени табори. Потребен е меѓународен поредок во кој ќе постои конкуренција, но таа ќе има јасни граници и правила што ќе мора да ги почитуваат сите.

Потребни се и сојузи што ќе преземаат одговорност, како и меѓународни институции што ќе останат простор за дијалог и во моментите кога разговорот меѓу државите е најтежок.

Во тој контекст, премиерот ја нагласи важноста на Обединетите нации. Како што рече, ОН не можат да го решат секој конфликт, а ниту секоја нивна резолуција се спроведува. Сепак, тоа не треба да биде причина за откажување од Организацијата и од мултилатерализмот.

Напротив, таквата состојба треба да ја зајакне решеноста на државите да ги заштитат Обединетите нации и правилата врз кои тие се засновани, како и да се залагаат за мултилатерализам втемелен врз вредности, заемна почит и еднакви правила.

– Свет без место каде што сите држави, без оглед на нивната големина, можат да седнат под ист покрив и да се повикаат на истите принципи би бил уште поопасен од светот што го гледаме денес – рече премиерот.

Според него, од Обединетите нации не треба да се очекува совршенство, туку делотворност – способност да спречуваат конфликти, да посредуваат, да го штитат човечкото достоинство и да ги бранат принципите дури и тогаш кога нивната примена е политички незгодна.

Македонија, порача премиерот, останува цврсто закотвена во своите сојузи и стратешки партнерства, но истовремено е подготвена за дијалог и соработка со државите надвор од нив.

Нејзиниот избор е јасен: демократија, колективна безбедност, владеење на правото, отворена економија и меѓународен поредок во кој правилата не зависат од големината и моќта на државата.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetbetsmovejojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet