Skip to main content

Кипар ќе го заостри режимот за издавање „златни визи“

Република Кипар планира да го заостри режимот за издавање на таканаречените „златни визи“, објави кипарската телевизија „Сигма“, повикувајќи се на заменик-министерот за миграција и меѓународна заштита Николаос Јоанидис.

Пред пратениците, Јоанидис соопшти дека во последните две години земјата издала 1.500 дозволи за постојан престој врз основа на минимална инвестиција од 300.000 евра во недвижен имот. Во моментов се врши детална проверка на носителите на над 12.000 вакви документи издадени од 2013 година досега, со цел да се утврди дали сè уште ги исполнуваат сите потребни критериуми.

Поради подготовките за идното членство на земјата во Шенгенската зона, кипарските власти предвидуваат дополнително заострување на условите. Заменик-министерот Јоанидис соопшти дека се разгледува можноста инвестициите поврзани со издавањето „златни визи“ во иднина да се пренасочат од недвижностите кон сектори како образованието, одбраната и развојот на нови технологии.

За зајакнување на контролата, Кипар воведува нов информатички систем за следење на државјаните од земји надвор од Европската Унија уште од моментот на нивното влегување на кипарска територија до нивното излегување. Податоците покажуваат дека во периодот од 2021 до 2023 година за околу 290.000 државјани на трети земји, кои легално влегле во Кипар, нема евиденција кога ја напуштиле земјата. Овој систем, според најавите, ќе започне со работа од март.

Во моментов Република Кипар е во напредна фаза на подготовки за пристапување кон Шенгенскиот простор. Се очекува конечните политички одлуки за членството да бидат донесени кон крајот на оваа или почетокот на следната година, објави кипарскиот весник „Катимерини“.

Инаку, дозволата за постојан престој на државјани надвор од ЕУ во Кипар — позната како „златна виза“ — традиционално се стекнува со инвестиција од најмалку 300.000 евра во недвижен имот. Оваа програма привлекува голем број инвеститори од Блискиот Исток и Азија бидејќи овозможува пристап до ЕУ без обврска за постојан престој во земјата. Сепак, носителите на оваа виза не добиваат кипарско државјанство, ниту пак автоматско право за слободно движење низ Шенгенската зона.(МИА)

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetcasibomjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet