Skip to main content

Де Сидрак: Македонија ја има континуираната поддршка од Франција на својот пат кон Европската Унија

Националниот совет за евроинтеграции денеска во Собранието oствари средба со делегација на Сенатот на Француската Република, предводена од Марта де Сидрак, сенаторка и претседателка на Групата за пријателство Франција-Балкан, која е во официјална дводневна посета на земјава.

На средбата, како што информираат од Собранието, присуствувале претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, пратениците Никола Мицевски, Весна Бендевска, Антонијо Милошевски, како и Александар Спасеновски, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата.

Сенаторката Марта де Сидрак се заблагодарила за срдечното гостопримство, истакнувајќи дека за време на посетата оствариле низа интензивни и конструктивни средби. Таа ги потврдила пријателските односи меѓу двете земји и нагласи дека Македонија ја има континуираната поддршка од Франција на својот пат кон Европската Унија. Воедно, ја истакна и заложбата за поголема промоција на Франкофонијата и зајакнување на соработката во областа на францускиот јазик и култура.

Пратеникот Милошоски ја истакнал потребата од интензивирање на економската соработка меѓу двете земји, нагласувајќи го потенцијалот за нови инвестиции и продлабочување на трговските односи.

Пратеничката Бендевска дала поддршка за нашата европската интеграција, но нагласила дека процесот на пристапување кон Унијата треба да се темели на исполнување на Копенхашките критериуми, под еднакви услови и според истите принципи што важат за сите земји кандидатки.

Пратеникот Мицевски изјавил дека нема друг пат освен европскиот, и треба да се изнајде заедничко решение за што побрзо продолжување на патот на земјава кон членство на ЕУ.

На крајот од средбата, двете страни, се вели во соопштението, изразиле задоволство од интензивните и продуктивни дискусии, нагласувајќи ја важноста од продолжување на меѓусебниот дијалог и соработка. Воедно, била изразена подготвеност за повторна средба и натамошно продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји.

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetcasibomjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomcasibom güncel girişcasibom girişcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasibomholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetcasibomjojobetstarzbetholiganbetcasibomroketbetcasibomzbahiscasibombahsegeljojobetbahsegeljojobet girişsekabet