
Македонската женска ракометна репрезентација со победа над Србија со 29:21 го почна настапот на „Трофеј Македонија“ што се игра во Охрид. Македонските ракометарки без поголеми проблеми стигнаа до победата против српските ракометарки.
Во првиот дел македонскиот национален тим ги казнуваше техничките грешки на противникот и на полувреме имаше предност од 17:9. Во вториот дел македонските ракометарки имаа предност и од девет разлика.
Најдобра ракометарка на натпреварот беше капитенот на македонската репрезентација Сара Ристовска, која постигна седум голови.
Во првиот дуел на „Трофеј Македонија“ Хрватска и Црна Гора одиграа нерешено 20:20.
Утре македонскиот тим игра против Црна Гора, а почетокот е во 17:30 часот.

Македонски


