
Молдавија не планира да се придружи кон НАТО и сака да остане неутрална – изјави денеска молдавскиот премиер Василe Тофан, дематирајќи ги тврдењата на Русија.
Тој, за американската агенција Блумберг. посочи дека Москва тврди дека Молдавија ќе се приклучи на НАТО за да поттикне стравувања од прозападната ориентација на неговата земја, тврдејќи дека членството во НАТО би ја вовлекло земјата во војната во соседна Украина.
Русија води хибридна војна против Молдавија, првенствено со мешање во нашите избори и горд сум што успеавме да се спротивставиме на таа закана, истакна Тофан пред неговото заминување за Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Тофан ја презеде функцијата премиер еден месец откако Молдавија официјално ги почна преговорите за приклучување кон Европската Унија, со цел да стане членка до 2030 година.
Молдавија, која се наоѓа помеѓу Романија и Украина ги трпи последиците од руската инвазија врз Украина и се соочува со прекини на електричната енергија, кибернапади и напади со беспилотни летала, од кои еден го одложи заминувањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски од аеродромот во Кишињев, на почетокот на септември.

Македонски


