
Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно ја донесе одлуката за изменување на одлуката за определување на коефициенти за утврдување на плата на претседателот, на пратениците и на функционерите кои ги избира и именува Собранието.
Комисијата за избори и именувања постапи по одлуката на Уставниот суд онака како што беше донесена – рече претседателот Ѓорѓија Сајкоски.
Со предлог-одлуката се предлагаат измени во членот 1 од одлуката за определување на коефициенти за утврдување на плата.
Во точка 5: „Претседател на Уставниот суд на Република Македонија“, коефициентот 2,81 се заменува со коефициент 3,08. Во точка 16: „Судија на Уставен суд на Република Македонија“, коефициентот 2,60 се заменува со коефициент 2,85 – појасни Сајкоски.
Коефициентите од членот 1 на оваа одлука ќе започнат да се применуваат со исплата на платата од октомври 2026 година.
Комисијата за избори и именувања, како надлежна комисија, мора да постапи по одлуката на Уставниот суд на Република Македонија која беше донесена со, фактички, со суспендирање на дел од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани функционери – подвлече Сајкоски.(МИА)

Македонски


