Skip to main content

Игор Џамбазов паричниот дел од наградата „Васил Иљоски“ ќе го донира за лакување на Јована Станковска

Општина Куманово / Игор Џамбазов сподели со публиката дека лично се познавал со Васил Иљоски

Почна 29-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово. Во рамки на отворањето на фестивалот на истакнатиот македонски драмски уметник и шоумен Игор Џамбазов му беше доделена наградата „Васил Иљоски“. Џамбазов, заблагодарувајќи се за признанието, истакна дека за него наградата има посебно значење бидејќи го носи името на Васил Иљоски, кого лично го познавал.

Огромна чест и задоволство ми е да ја добијам наградата што го носи името на човекот кој лично сум го познавал. Дедо Васил и дедо Петре беа другари и починаа во само две недели разлика. Некако ги загубив и двајцата, рече Џамбазов.

Тој потсети на своите театарски почетоци и врската со Куманово, каде што играл во повеќе претстави и остварил пријателства со кумановски актери и театарски работници.

Младите генерации можеби не знаат дека имам можеби сто театарски улоги и над две и пол илјади изведби во животот. Животот сум го оставил на даските што живот значат, рече Џамбазов.

Тој откри дека во последните години, додека ги средувал наградите што ги добивал во текот на кариерата, сфатил дека на многу од нив не им се израдувал доволно, поради динамичниот професионален живот. Џамбазов најави и дека паричниот дел од наградата ќе го донира за лекување на Јована Станковска, која боледува од церебрална парализа, приклучувајќи се на иницијативата на Центарот за култура.

  • Имавме многу смеење во текот на целата претстава. Целта на „Денови на комедија“ е секоја година Кумановскиот театар да продуцира по една комедија. Секогаш е задоволство кога публиката се смее, аплаудира и ужива во претставата, рече Витанов.

Тој посочи дека станува збор за брза и динамична современа комедија која преку духовит пристап обработува ситуација со која секој човек може да се соочи, покажувајќи дека и во најтрагичните моменти може да се најде нешто смешно.

Актерот Марко Трајковиќ истакна дека кумановската публика особено добро ја прифатила претставата.

  • Уште од првата реплика публиката почна да се смее, а на петтата реплика веќе имавме аплауз на отворена сцена. Тоа ни даде сигурност дека изведбата ќе биде одлична, рече Трајковиќ.

Тој нагласи дека интеракцијата со публиката е еден од елементите на претставата и дека секоја следна изведба може да донесе различни ситуации.

Актерот Никица Јанковски, пак, рече дека кумановската публика „пукна од смеење“, со аплаузи на отворена сцена и реакции до солзи.

  • Со Ненад ова ми е вторпат да работам. Со оваа екипа некако станавме константна екипа, со мали измени. Кумановската публика е нешто посебно, рече Јанковски.

Тој очекува претставата да остане подолго на репертоарот и да гостува и надвор од земјава.

„Денови на комедија“ се одржува под покровителство на Министерството за култура и туризам и Општина Куманово. Во фестивалската програма се 10 претстави кои ќе се натпреваруваат за наградите за најдобра претстава, режија, сценографија, костимографија и актерски остварувања. ам/са/

Поврзани вести

keşan prefabrikJojobetMultiwinmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositKavbetsupertotobetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomholiganbet girişholiganbet girişholiganbet girişholiganbetholiganbetholiganbetholiganbetmarsbahismarsbahisholiganbetmarsbahisjojobetfixbetjojobetmarsbahisKavbetbahsegelcasibomjojobetstarzbetholiganbetjojobetroketbetcasibomzbahis