
Пожарот кај селото Белица во општина Македонски Брод се уште е активен. Тимови на ЈП „Јасен“ и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и дејствуваат.
Во моментот, како што информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, има повеќе од 60 луѓе кои работат на терен и од страна на Скопје и од Македонски Брод.
Селото во никој случај нема да биде загрозено. Огнот е далеку од селото – изјави Стојанче Ангелов во изјава за МИА, појаснувајќи дека тимови на ДЗС со пинцгауери и тимови составени од доброволци, дејствуват со дувалки и креираат противпожарни појаси на места кадешто огнот може да навлезе во квалитетна борова шума.
На територијата на државата до 13 часот, според Центарот за управување со кризи, има 12 пожари, од кои пет се активни, пет се под контрола и два се изгаснати.
За стабилизирање на состојбата со пожарите дополнително се учекува позитивно да влијае и најавата од Управата за хидрометеоролошки работи Скопје за врнежи. Од УХМР, пред половина част информираа за нестабилност во западните делови од која има поинтензивни врнежи во Кичевскиот регион и во северозападните планински предели е со правец на движење од југозапад кон североисток.

Македонски

