Skip to main content

Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско првенство

ФОТО: Бошко Заборски

Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот медал на Европското универзитетско првенство во боречки спортови што во организација на ЕУСА се одржува во Тирана.

Мицовска во категоријата до 61 килограми забележа четири победи на патот до финалето во кое каратистката на КК „Макптерол“ загуби од претставничката на Турција, Нурбаде Бубер, со 1-3.

На чекор до освојување медал од македонската универзитетска репрезентација беа и Петар Заборски, во категоријата до 75 килограми, и Вукашин Јовановиќ, во категоријата до 67 килограми, кои на крајот го освоија петтото места.

На карате турнирот во Тирана настапија над каратисти од вкупно 141 универзитет од 26 држави.

На првенството во Тирана учествуваат повеќе од 1500 студенти – спортисти од околу 400 универзитети, кои се натпреваруваат во карате, џудо, таеквондо и кик – бокс. 

Поврзани вести