Skip to main content

Реал не се откажува од Гулер

 Реал Мадрид ќе ја продолжи соработката со својот фудбалер Арда Гулер до 2031 година односно и во следните пет години. Договорот е веќе постигнат и се очекува наскоро се да биде и официјално, наведуваат извори блиски на клубот.

21-годишниот турски репрезентативец е три сезони во Мадрид односно од летото 2023 година кога беше купен од Фенербахче и тогаш трансферот изнесуваше 20 милиони евра.

На почетокот беше резерва и надвор од составот, но сега е веќе незаменлив дел од тимот, а тоа го потврдува и новиот тренер Жозе Мурињо. Новиот договор би значел дека нема да има ништо од трансфер на фудбалерот во некоја друга екипа или лига.

Во Реал Мадрид, Арда Гулер има одиграно 116 натпревари, со 19 постигнати голови и 26 асистенции.