
Прилеп со 18 проекти, поддржани со околу 12 милиони евра, реализирани во партнерство со Владата и ресорните министерства. Шест се завршени, пет се во завршна фаза, а седум се започнати, стои во денешното соопштениет на ВМРО-ДПМНЕ кое ви го пранесуваме интегрално.
„Еден од најголемите е кружниот тек кај мостот „Табана“, вреден над 2 милиони евра. Со санација и проширување на мостот, нова траса, регулација на коритото и ново осветлување и сигнализација, се решава едно од најголемите сообраќајни тесни грла во градот.
За локалната патна инфраструктура се обезбедени 168 милиони денари за три години. Се реконструираат улици, тротоари и велосипедски патеки, се подобрува осветлувањето и се поставуваат мерки за побезбеден сообраќај. Во „Металец“, кај „Жито Прилеп“ и на улиците „Победа“, „Трајко Николоски“ и „Орде Чопела“ се реализираат нови инфраструктурни проекти.
Во водоснабдувањето, се заменуваат старите цевки и се обновуваат водоводни мрежи. Во Карабдалица е обновена мрежата по повеќе од 70 години, а во Селце и Лениште се реализираат нови мрежи вредни 25 милиони денари.
За почиста животна средина изградена е фотонапонска централа, следува поставување полуподземни контејнери на 21 локација, а работи и првата фабрика за селекција на отпад од ваков тип во Македонија, со капацитет до 10 тони на час.
Се уредуваат јавните простори и спортската инфраструктура, со обновен плоштад, нови детски и спортски игралишта и реконструирани терени.
Прилеп добива и помодерни услуги преку Центарот за услуги со над 1.000 дигитални услуги, а се подготвуваат нов Генерален урбанистички план и повеќе детални планови.
Во културата, спортот и младите, средствата за културни манифестации се зголемени од 4 на 12 милиони денари, а за спортските клубови се издвоени 14,5 милиони. Поддржани се и повеќе од 160 настани во летниот период.
За граѓаните и ранливите категории, обезбедени се по 3.000 денари за секое прваче, отворен е Центар за дневен престој на стари лица, а се подготвува и нов Дневен центар за лица со попреченост.
Прилеп се развива преку инвестиции во инфраструктурата, животната средина, јавните услуги, спортот, културата и грижата за граѓаните“.

Македонски



