
ГрадоначалникотЃорѓиевски изјави дека во понеделник ќе се пристапи кон потпишување на договор за набавка на 3300 контејнери, со што ќе се комплетира и третата компонента во трите столба за нормално функционирање на комуналната хигиена во Градот Скопје.
„Денес морам да информирам, ете информирав дека е при крај жалбената постапка, но е завршена и од она што ме информираа веќе во понеделник потпишуваме договор за набавка на 3300 контејнери коишто значително недостасуваа на главниот град, тоа од една страна естетски ќе ги промениме сите оние позиции каде што грубо изгледаат изминатиот период со години наназад, но и дополнително на многу од позициите каде што се создаваше поголема депонија на некој начин беше поради недостатокот на контејнери“, заврши Ѓорѓиевски.

Македонски


