
Македонскиот селектор Гоце Седлоски најави дека дека ќе го повика фудбалерот на белградска Црвена Звезда, Матеј Гаштаров како и Казимчан Караташ од турски Галатасарај.
„Гаштаров ќе добие повик. Ги следев двата негови натпревари за Црвена Звезда и може да искажам навистина пофалните зборови. Сака да дојде да игра и верувам дека ќе биде убаво освежување. Повик ќе има и за Караташ, но проблем со него е околу документацијата. Сака да игра ама нема спортски пасош“ – истакна селекторот Седлоски на денешната средба со медиумите.

Македонски


