Skip to main content

Активни два пожара, три се под контрола, а 22 се изгаснати

ДЗС

Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои два се активни, три се под контрола, а 22 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во општина Маврово и Ростуше кај месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, и во општина Шуто Оризари – кај Визбегово, зад хотелот „Њу стар“, каде што е запалена депонија.

Пожари под контрола се оние во општина Зелениково над с. Палиград – Преслап, во општина Сарај – кај с. Копаница и во општина Струга – кај селата Пискупштина, Буринец и Локов.

Поврзани вести