
На 5 септември (сабота) во 19.00 во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи книжевно читање, како втор дел од манифестацијата „Празник на липите“ за 2026 г., која оваа година го има своето јубилејно, триесетгодишно издание.
По читањето на кратките книжевни творби, ќе следи заокружувањето на манифестацијата, со врачувањето на наградите на конкурсот за кратка книжевна творба „Празник на липите 2026“, за чиј избор одлучуваше тричлената жири-комисија во состав: Ива Дамјановски, Никола Маџиров и Жарко Кујунџиски:
- I награда: „Мајсторска завршница“ од Ана Пејчинова (поезија)
- II награда: „Татко ми станал писател“ од Даниела Андоновска-Трајковска (поезија)
- III награда: „Сребре Тилевски, липарот“ од Владимир Јанковски (расказ)
Овој настан во просториите на Друштвото на писателите на Македонија е од отворен карактер и на него се поканети сите љубители на поезијата и на кратките раскази.

Македонски

