Skip to main content
Анализира „Блумберг“

Кина ги добива економскта борба и конкуренцијата со САД во Латинска Америка

Кина ја добива конкуренцијата со САД во Латинска Америка, пишува „Блумберг“.

Доктрината „Монр“о, вградена во сегашната верзија на Стратегијата за национална безбедност на САД, има за цел да го врати американскиот примат на западната хемисфера, вклучително и со истиснување на конкурентите. Сепак, како што забележува изданието, засега ова останува во голема мера политичка декларација.

Во пракса, трговијата на Кина со Латинска Америка порасна од 14 милијарди долари во 2000 година на 500 милијарди долари во 2024 година. Кина ги престигна САД како главен трговски партнер на Јужна Америка.

„Блумберг“ посочува дека Кина успеа да се помести неколку чекори пред САД со искачување по синџирот на вредност во сектори како што се електрични возила, батерии и изградба на центри за податоци.

Земјите од Латинска Америка би се соочиле со речиси неподносливи економски трошоци доколку бидат принудени да се откажат од соработката со Кина“, вели амбасадорот на Перу во Кина, Карлос Васкез.

Поврзани вести