Skip to main content

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар: „Во прашање беа 20 секунди“

Модната дизајнерка Ивана Кнез сподели на Фејсбук дека нејзиниот дом и неколку соседни куќи биле во сериозна опасност од пожар. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба, куќите се спасени, иако блискиот имот целосно изгорел.

Вечерва да не беше Стојанче Ангелов и брзите реакции на пожарните екипи од Драчево и Зелениково, како и брзата реакција на полицијата, јас ќе останев без дом. Во прашање беа 20 секунди, на цела наша среќа имаме људини во земјава, ЦЕЛО МААЛО се собра за неверојатно кратко време и иако соседниот плац повеќе од половина изгоре, успеавме да ги спасиме куќите. Не се знае од што е покренат пожарот, пострашно нешто немам видено никогаш, но на цела среќа заради ЛУЃЕ ние се уште имаме кров над глава, напиша Ивана Кнез.

Таа јавно им се заблагодари на сите што помогнаа во огнот и порача дека поради таквите луѓе не жали што останала да живее во земјава.

Поврзани вести