Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации, наместо државниот го гледаат сопствениот интерес

Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат да создадат паника околу новите инвестиции и технолошкиот развој на Македонија. Интересно е што истите оние кои денес предупредуваат за секоја можна опасност од дата центрите, во времето кога беа на власт промовираа сосема поинакви приоритети – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, кога СДС беше на власт, наместо Македонија да ја позиционира како центар за современи технологии и високотехнолошки инвестиции, во јавноста доминираше приказната за марихуаната и отворањето на тој сектор.

Денес, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ разговара со сериозни потенцијални инвеститори за дата центри и дигитална инфраструктура, Филипче повторно бара причина за критика. Разликата е очигледна. ВМРО-ДПМНЕ разговара за дата центри, дигитализација, нови технологии и инвестиции. СДС повторно разговара за стравови, сомнежи и политички конструкции. Очигледно е дека за СДС секоја нова инвестиција во Македонија е причина за политички аларм, затоа што тие се фокусирани само на сопствените интереси, наместо да се фокусираат на придобивките кои може да ги има државата од развојот на современа дигитална инфраструктура, велат од владејачката партија.

Но, Македонија мора да биде конкурентна и да ги следи современите технолошки трендови. Дата центрите се дел од дигиталната инфраструктура на современите економии и можат да донесат инвестиции, дополнителен развој на ИТ и технолошкиот сектор.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде земја во која се инвестира, се

Поврзани вести