Skip to main content

Во Кочани турнир во баскет во чест на Петар Ивановски

Кочани, денеска и утре, ќе биде домаќин на меморијален спортско-забавен настан посветен на кошарката, младите и сеќавањето на прерано загинатиот кошаркар во трагедијата во “Пулс” – Петар Ивановски.

Предвидено е во Паркот на Револуцијата во Кочани да се одржи турнирот во баскет„3х3 Петар Ивановски“, кој во текот на два дена ќе понуди атрактивни 3х3 баскет мечеви,  професионални судии, ќе има и богата музичка и забавна програма.

Настанот започнува од 17 часот, двата дена ќе се натпреваруваат 16 екипи, а турнирот завршува утре со финале,  прогласување на победниците и доделување на наградите, по што ќе следи музичка програма и DJ after-party.

Oрганизаторите посочуваат дека турнирот не е само спортски натпревар, туку настан преку кој ќе се зачува споменот на Петар Ивановски и ќе се промовираат спортот, младите, пријателството и кошарката.

Наградниот фонд изнесува 100 илјади денари. Натпреварите ќе се одиграат на професионален монтажен терен што ќе биде поставен во Паркот во Кочани.

Турнирот е поддржан од Општина Кочани.

Поврзани вести