Skip to main content

Повредени малолетник и 20-годишник откако со мотоцикл удрија во „Мерцедес“

Фото: Freepik

На 27.08.2026 во 15:22 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат с. Горно Седларце- с. Синичане се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И. (54) од с.Горно Седларце и мотоцикл „јамаха“ со тетовски регистерски ознаки, управуван од Л.И, (20) од с. Г.Седларце.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 16-годишниот сопатник на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Тетово, додека со телесни повреди се здобил Л..И., констатирани од Итна медицинска помош.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Поврзани вести