Skip to main content

Во Прилеп се поставува „Животинска фарма“ во режија на Ќендрим Ријани

Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се пробите за новата претстава „Животинска фарма“ според Џорц Орвел, што ја режира режисерот Ќендрим Ријани. „Животинска фарма“ е сатирична алегорија напишана од Џорџ Орвел во 1945 година. Претстaвата сe реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам и е дел од годишната програма на театарот „Војдан Чернодрински“ за 2026 година.
Режисерот Чендрим Ријани вели дека „Животинска фарма“ е еден од најдраматизираните романи во светот.

„ Орвел е прекрасен автор и мислам дека во овој момент текстот е погоден да се постави во театарот. Тоа е еден концепт што се надградува над „Животинска фарма“ и многу му личи на театарот „Војдан Чернодрински“. Освен она што има внатре во делото, тука е моментот во кој се наоѓа театарот, без театар, се надградува и се вградува во концептот на „Животинска фарма“. Прилепскиот театар има добра актерска екипа. Актерите реално работеле претходно со вакви експерименти. Има можност да се посвети внимание на актерите кои се многу добри за да извадиме претстава што ќе произлегува од самите нив. Ова е моментот да се направи овој концепт во прилепскиот театар каде што сите актери ќе дадат свој придонес – посочува режисерот , при тоа истакнувајќи дека ќе биде камерна претстава.

фото: Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп

Во претставата ќе играат сите актери од ансамблот: Игор Трпчески, Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески.

фото: Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп

Драматург е Лидија М. Ѓорѓиевска, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Марија Папучевска, а за музиката е задолжен Томе Темелкоски.

Премиерата ќе биде во октомври.

Поврзани вести