
Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн, призна дека се чувствува навистина ценет во клубот од Минхен. Англискиот напаѓач изјави дека клубот прави сè што е можно за да му помогне да стане најдобар играч во светот.
-Ја чувствувам љубовта од клубот, знам колку ме ценат. Не само за моите голови – мислам дека ја ценат мојата игра како целина, како и мене како личност во соблекувалната, целиот мој придонес. Се чувствувам навистина привилегиран, изјави Кејн за германските медиуми.
Триесет и тригодишниот напаѓач, исто така, им се заблагодари на навивачите за нивниот топол прием и доверба.
-Ставот на навивачите – начинот на кој ме примија во последните неколку години – беше навистина посебен. Мојата цел е да им се оддолжам со голови и трофеи, додаде тој.
Договорот на Кејн со Баерн важи до летото 2027 година. Според извештаите во медиумите, клубот од Минхен веќе работи на продолжување до 2029 или 2030 година

Македонски


