
Копретседателката на Алтернатива за Германија (АФД) Алис Вајдел изјави дека нејзината партија, доколку влезе во федералната влада, ќе бара излегување на Германија од еврозоната и Шенген, затворање на националните граници и многу построга миграциска политика. Вајдел го изјави ова во интервју за германската телевизија ЗДФ.
„Германија беше многу подобра пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел, тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабнала германската економија и го намалила богатството на домаќинствата.
Зборувајќи за миграцијата, Вајдел најави затворање на границите на Германија и излегување од Шенген зоната.
„Ќе ги затвориме границите и ќе го напуштиме Шенген“, рече таа.
Вајдел, исто така, се залагаше за повеќе депортации и помалку доделување државјанства, вклучително и враќање на Сиријците кои повеќе немаат право на статус на заштита.
Вајдел истовремено ги критикуваше канцеларот на ЦДУ, Фридрих Мерц, и министерот за финансии на СПД, Ларс Клингбаил, и повторно ја нападна ЦДУ за одбивање да соработува со АфД.
Alice Weidel fordert im ZDF-Sommerinterview einen Ausstieg aus Schengen.
— Nils Ahrensmeier (@NilsAhrDE) August 23, 2026
"Und wenn ich mir sowas angucke wie in Ceuta, dann steigen wir aus Schengen aus". pic.twitter.com/buexQFs7J6

Македонски


