Skip to main content

Како да добиете совршено крцкави компирчиња од еир фраер? Тајната е во една состојка, ја имаме дома ама никако не ја користиме

magnific

Фритезите на топол воздух се практични за подготовка на различни јадења, но компирчињата понекогаш остануваат меки наместо крцкави. Причината е начинот на кој уредот работи – храната се пече со циркулација на врел воздух, за разлика од класичното пржење во масло.

Трикот е во компировиот скроб. Доволно е исечените компири да се измешаат со малку масло, зачини и една лажица скроб пред да се стават во еир фраер. Скробот создава тенок слој на површината, кој помага компирчињата да добијат златна боја и крцкава текстура, додека внатрешноста останува мека.

Ако немате компиров скроб, може да употребите и пченкарен скроб, односно густин. Може да се додаде директно врз компирите или да се направи смеса од скроб и вода, која рамномерно ќе го обвие секое парче. Сепак, важно е да не се претерува – за четири до пет компири со средна големина доволна е една лажица скроб.

За најдобар резултат, компирчињата треба да се печат на температура од 190 до 200 степени Целзиусови, зависно од нивната дебелина. Дополнителна техника е печењето во два чекора: прво на пониска температура, а потоа на 200 степени. Така внатрешноста останува мека, додека надворешноста станува златна и крцкава.