
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон.
На престижната меѓународна спортска манифестација, која по 39-ти пат се одржа во Охрид, во женска конкуренција триумфираше аргентинската пливачка Матје Ален Пука, која го освои и традиционалниот ловоров венец.
Победник во машка конкуренција е Алесио Окипинти од Италија, додека посебен успех забележа 17-годишниот македонски пливач Петар Цеков, кој трет стигна на целта и го освои бронзениот медал.
Сиљановска-Давкова им честиташе на победниците, како и на сите учесници на маратонот, истакнувајќи дека нивната издржливост, посветеност и спортски дух заслужуваат признание.
На учесниците им посака добро здравје и уште многу спортски успеси во иднина.

Македонски


