
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со Претседавачот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора, Арџи Белио.
На состанокот беше договорена соработка која ќе оди во насока на откривање, мапирање и поврзувње на младите фудбалски таленти со македонско потекло ширум светот.
Во следниот период ќе се работи на воспоставување соработка со македонските фудбалски клубови и заедници низ дијаспората, како и на организирање тренинг кампови за млади фудбалери, со цел најперспективните деца да бидат препознаени и следени во координација со ФФМ.
Целта е јасна, да се пронајдат што повеќе македонски таленти, кои во иднина би можеле да бидат дел од националните репрезентации, со што нашата држава би добила поголем избор кога се работи за фудбалот и успесите што се очекуваат.

Македонски


