
Со денешните два натпревара што се играат во Скопје и Штип стартува четвртото коло од Првата фудбалска лига. Во терминот од 17 часот во Скопје играат истоимената екипа и Тиквеш, додека два часа подоцна во терминот од 19 часот Брегалница Штип ја пречекува екипата на Башкими.
Утре (сабота) на програмата е еден натпревар во 16:30 часот играат Шкендија Арачиново и Арсими на стадионот Чаир.
Оваа рунда ќе биде комплетирана во понеделник со двата дерби натпревари Вардар – Силекс (почеток 17 часот) и Шкендија Тетово – Струга Трим Лум (почеток 19 часот

Македонски


