Skip to main content

Активни пет пожари, eве каде

 Центарот за управување со кризи попладнево информира дека до 18 часот на ниво на државата се регистрирани 14 пожари на отворен простор од кои пет се активни, а три се под контрола. 

Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани, кај месноста викана Видуш во општина Македонски Брод, кај селото С’лп, м.в. Горно Село во Општина Велес, со проширување кон с. Карабуњиште и селата Добрино и Тисовица во Општина Зелениково, кај селата Копанце и Туденце во Општина Јегуновце, со проширување кон с. Бојане во Општина Сарај и кај селото Ломница во општина Врапчиште.

Под контрола се пожарите меѓу селата Алданци и Норово во оштина Крушево, кај селото Конопница во општина Крива Паланка и на потегот меѓу селата Борино и Житоше во општина Крушево

Поврзани вести