Skip to main content

Летно чистење на Скопје

 Екипите на градските служби од раните утрински часови спроведуваат активности за чистење и уредување на повеќе локации низ Скопје, во рамки на акција за почист и поуреден град – соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Како што посочува градоначалникот, во рамки на акцијата се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпад, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови од градот.

-Убав неделен ден, Скопје! Неделата ја започнавме со акција за почист и поуреден град. Од раните утрински часови екипите се на терен, се перат и уредуваат автобуските постојки, се собира отпадот, се расчистуваат јавните површини и се освежуваат најфреквентните делови низ градот – напиша Ѓорѓиевски во Фејсбук, каде објави и видео од акцијата.

Како што посочува градоначалникот, чист град не се создава со една акција, туку со ред, дисциплина и континуирана грижа.

-Скопје е наш заеднички дом. Да го чуваме чист, уреден и достоинствен – онака како што заслужува секоја европска метропола.

Поврзани вести