Skip to main content

Возач кој враќал српски патници од Халкидики заспал на волан, тие побарале помош од македонската полиција

Српски туристи кои се враќале од одмор на Халкидики доживеале вистинска драма кога, според еден од патниците, возачот на комбето седнал зад воланот уморен, игнорирал црвени светла на семафорот, па дури и заспал додека возел, принудувајќи ги патниците да побараат спас од македонските полицајци среде ноќ.

Еден од патниците сподели детална исповед во која наведува дека возачот, покрај тоа што доцнел 10 часа, седнал зад воланот целосно ненаспан и со тоа директно ги загрозил животите на седум лица, меѓу кои и на две малолетни деца.

Од Халкидики до границата со Македонија, се однесуваше како првпат да седнал зад волан. Не знаеше ни да ги вклучи долгите светла, ниту да ги препознае сообраќајните знаци. Проблемот започна кога помина на две црвени светла во Солун, а потоа пропушти две зелени на крстосница бидејќи заспа! Не го разбуди ниту свирењето на другите возила, а кога патникот до него го прашал дали спие, одговорил „да“, раскажува шокираниот патник во Фејсбук групата „Грчка инфо“.

Иако им ветил дека ќе направи пауза и ќе отспие на следната бензинска пумпа штом ќе излезат од градот, тој продолжил со возење

Последната капка која ја прелеа чашата беше при влегувањето во Македонија. Тој стапна на гаста во делот каде што лентите се стеснуваат, а потоа одеднаш закочи само затоа што патникот зад него удри во седиштето и го предупреди дека има бетонска барикада, што возачот воопшто не ја виде. Сè се случуваше помеѓу 1 и 2 часот наутро, кога нема гужва. Сите бевме исплашени, око не затворивме, се опишува во објавата.

Кога возачот конечно се согласил да застане на една од пумпите, преплашените патници ги замолиле вработените да повикаат сообраќајна полиција.

По пристигнувањето на патролата, бил извршен алкотест и му биле проверени документите, по што полицајците ги советувале патниците да го продолжат своето патување до српската граница со такси.

Возачот даде одвратни коментари пред полицијата. Рече дека неговиот живот е поважен од нашиот и дека нема да го доведе својот живот во опасност. Исто така ни рече дека ако неговото возење не ни чини, да положиме за возачка, да си купите автомобил и да одиме каде што сакаме. Агенцијата не ни врати пари, иако сите однапред плативме за повратни билети, сподели тој.

Поврзани вести