
Три лица се уапсени во Штип откако кај нив се пронајдени кокаин и марихуана.
Како што соопштува денеска МВР, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, саботата околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнаа лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип.
Притоа, од слобода е лишен Ф.Р. и кај него е пронајдена марихана. Додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. е фатен и лишен од слобода и кај него се пронајдени марихуана и нож, соопштува МВР.
За настанот биле запознаени јавен обвинител и судија на претходна постапка, по што полициски службеници отишле во домот на М.Б., каде што ја затекнале А.Б.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип. Од извршениот преглед во станот биле пронајдени и одземени неколку ќеси и повеќе пакувања со марихуана и бела прашкаста материја и дигитална вага.
М.Џ.У., А.Б. и Ф.Р. се задржани во полициска станица и на 09.08.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојува А.Б. во Штип, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, пари во различни валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Во врска со настанот поднесена е кривична пријава, а на лицата М.Џ.У. и А.Б. им е одредена мерка притвор, соопшти МВР.

Македонски


