Skip to main content

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да ги зголеми производството и испораката на оружје

pixabay

Пентагон бара од американската одбранбена индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, особено муниција која во голема мерка е исцрпена од војната со Иран, покажува допис кој заменик-министерот за одбрана на САД, Стив Фајнберг го испратил до директорите на компаниите во одбранбената индустрија.

Во дописот во кој увид имал „Вашингтон пост“, Фајнберг навел дека одбранбените компании немаат повеќе од 21 ден да поднесат планови за „значително побрзи, поагресивно распоредени испораки и/или зголемување на производството за критични капацитети“.

Повеќегодишните развојни циклуси не се прифатливи. Мора драматично да ги забрзаме нашите програмски распореди и да ги прошириме нашите производствени капацитети сега“, посочува Фајнберг во дописот. 

Поврзани вести