
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, неочекувано се појави во Драгачево, каде што српските оркестри се собираат за Фестивалот на труби во Драгачево.
Според српски „Блиц.рс“, Орбан седел во дворот на хотелот Нордик, нарачал пиво и пробал хајдук ќепап и свадбарска зелка, кои се познати српски специјалитети. Според медимот, жителите на Драгачево биле воодушевени што го виделе Орбан на нивната прослава.
Не можевме да им веруваме на нашите очи. Дојде како обичен гостин, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во Гуча“, пренесува „Блиц“, повикувајќи се на изјава дадена за РИНА од еден од присутните.

Македонски


